• понеделник, 23 декември 2024

Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на клинички центар, туку е против мега криминалот

Пецаков: ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на клинички центар, туку е против мега криминалот
Скопје, 2 јуни 2021 Костадин Костадинов почна самиот себеси да се лаже, кога веќе не можат да ја излажат јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на клинички центар, туку е против мега криминалот кој го подготвува најкорумпираната власт на Заев. Имено власта на Заев после 4 години одлагања и шетања на проектот нов Клинички центар, сака со 30-тина страни физибилити студија да потроши над 500 милиони евра, повторувам над 500 милиони евра за изградба на клинички центар. Овој проект е безмалку идентичен со тој во Белград и според површината и според бројот на болнички легла и според бројот на болнички соби и операциони сали, Но има една голема разлика. Во Србија ваквиот проект за изградба и опремување чини 125 милиони евра, а кај нас тој е проектиран на над 500 милиони евра. Велам проектиран, затоа што во трошоците не се пресметани геолошки испитувања, сообраќајни решенија, поврзување со водоводна, канализациона, телекомуникациска и гасна мрежа. Тоа говори дека овој проект може да стане и поскап за дополнителни десетици милиони евра. Значи тоа што Филипче, Заев и СДСМ сакаат да го направат е со 30-тина страни да стопат дополнителни 400 милиони евра, од тоа што реално се троши за ваков проект во соседството. Да сакаа СДСМ да направат нешто за јавното здравје ќе изградеа клинички центар за кој имаше и план и целосна финансиска конструкција од страна на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ кој ќе чинеше речиси десет пати помалку. Тогаш СДСМ велеа дека наместо во објекти ќе работат за приватизација на здравството. Со други зборови да беше ВМРО-ДПМНЕ досега граѓаните ќе имаа современ клинички центар. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи кражба на векот од оваа најкорумпирана власт во Европа, затоа што тие 400 милиони евра се пари на граѓаните. Овие 400 милиони евра не се пари на Заеви или Филипче, ама постои основен сомнеж дека со ваков криминален проект ќе станат. Кирил Пецаков, пратеник на  ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан