• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, Љупо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани

Петрушевски: Над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, Љупо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани

Скопје, 21 септември 2024 

Почитувани,

Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди.

Дон Николовски за времето додека бил министер во МЗШВ потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, а во истовреме земјоделските производи на нашите земјоделци скапувале по нивите затоа што нема пласман.

Од сите сознанија кои ги имаме се доаѓа до заклучок дека Дон Николовски поголем дел од времето го поминувал на патувања и репрезентации во кафеани, отколку да биде на терен и да ги решава проблемите на земјоделците.

И наместо да најде начин како да исплати над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, тој се шетал низ Европа и САД.

И на ниту едно патување не избрал економичен хотел, карти се плаќани по неколку стотина евра, а во исто време се трупале долгови кон земјоделците.

Дон Николовски и СДС раскалашено се однесувале со парите на граѓаните, неодговорното трошење резултираше со ограбена држава и голем број нерешени проблеми.

Ваквото однесување веќе никогаш нема да биде пракса, а за Дон Николовски ќе има одговорност за сите злоупотреби.

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан