• сабота, 21 декември 2024

Меѓународна македонско-полска научна конференција

Меѓународна македонско-полска научна конференција

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, денеска и утре ќе биде одржана 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција.

Дводневната конференција свечено ќе биде отворена во салата на Ректоратот, по што ќе продолжи со дебати на неколку пленарни сесии.

Целта на годинашната конференција е да се дискутира за современите предизвици на филологијата во денешницата, и ќе биде фокусирана тематските области: Македонско-полски јазични, книжевни и културни врски; Врската на полонистиката со другите јазици, книжевности и култури; Предизвиците на полонистиката (јазик, книжевност, култура) во современиот свет.

На крајот на конференцијата се превидени промоција на делото „Мала антологија на полската проза и поезија. Студентски преводи“, авторска средба со Дионисиос Стурис, автор на книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“, како и дружба со полска музика.

Дванаесетата македонско-полска конференција претставува продолжување на долгогодишните врски на полонистите, македонистите и славистите од Македонија со македонистите, славистите и полонистите од Полска и пошироко. Досега се одржани единаесет македонско-полски конференции во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и Јагелоњскиот универзитет од Краков, Шлезискиот универзитет од Катовице, Варшавскиот универзитет, Универзитетот „Адам Мицкевич“ од Познањ и Вроцлавскиот универзитет. са/

Фото: принтскрин

 

 

Остани поврзан