• понеделник, 23 декември 2024

Петнаесет уметници ќе создаваат нови дела на 59. Меѓународна струмичка ликовна колонија

Петнаесет уметници ќе создаваат нови дела на 59. Меѓународна струмичка ликовна колонија
Струмица, 4 август 2022 (МИА) - Петнаесет ликовни уметници од земјава и странство од утре до 15-ти овој месец ќе ги создаваат своите нови дела на 59 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија, која се одржува во просториите на Уметничката галерија во Струмица. -Ова година поканивме поискусни сликари. По многу години ќе имаме ликовен уметник од Хрватска, потоа од Чешка, Србија, Црна Гора, Бугарија и повеќе македонски сликари. Последните две години заради пандемијата бевме ограничени и моравме да поканиме уметници само од нашата држава, но годинава имаме уметници од повеќе држави, рече на денешната прес-конференција Александар Филев, раководител на Уметничката галерија. Тој информираше дека и годинава ќе се организира мозаичката работилница, која е основана пред 29 години од страна на професорот Газанфер Бајрам и работи во состав на Колонијата. Свеченото отворање на годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија е утре со изложба на избрани дела од колонијата. Делата од Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе бидат претставени на изложба на 11 септември, на Денот на ослободувањето на Струмица. рт/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан