• недела, 07 јули 2024

Петмина полицајци убиени во северозападен Пакистан

Петмина полицајци убиени во северозападен Пакистан

Исламабад, 8 февруари 2024 (МИА) - Петмина полицајци се убиени, а двајца други ранети во северозападен Пакистан во напад врз нивното комбе.

Полицијата соопшти дека напаѓачите прво фрлиле бомба кон полициското комбе, а потоа пукале во полицајците.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Ооради денешните парламентарни избори што се одржуваат во Пакистан полициски службеници беа распоредени во областа Дера Исмаил Кан. 

Неколку илјади полицајци, како што се наведува, се распоредени за гарантирање на безбедноста низ целата земја. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан