• понеделник, 23 декември 2024

Петмина милитанти убиени во Кашмир

Петмина милитанти убиени во Кашмир
Њу Делхи, 12 октомври 2021 (МИА) - Индиската армија, во два различни судира, уби петмина бунтовници во индискиот дел на Кашмир. Акциите беа спроведени како одговор на нападот врз индиските војници во понеделникот, кога загинаа петмина војници. Како што пренесуваат странските агенции, новиот настан се случил само еден ден откако бунтовниците убиле петмина индиски војници при пукање во овој спорен регион.
Првиот судир изби по упадот на војниците и полицијата против бунтовниците во областа Имамасахаб во јужниот кварт Шопиан, се вели во полициското соопштение. Се додава дека војниците ја оградиле областа доцна во понеделникот, што доведе до конфликт во кој милитантите одбиле да се предадат. Во борбата што следеше рано утрово, тројца бунтовници беа убиени. Во друг, одвоен судир, што се случи денеска, како што се наведува во соопштението од полицијата, двајца осомничени милитанти се убиени во овоштарник со јаболка за време на операциите против бунтот во селото Фрипора, кое исто така се наоѓа во јужниот кварт Шопиан. Потполковникот и портпаролот на индиската армија Девендер Ананд изјавија дека војниците и денеска ги продолжиле операциите за пребарување во областа. Зголемувањето на насилството доаѓа во услови на обемни мерки на владините сили во долината Кашмир, по серијата целни убиства во градот Шринагар минатата недела. Индија и Пакистан, по стекнувањето независност, ја поделија територијата на Кашмир со војна, иако двете страни и натаму го нагласуваат правото на целиот Кашмир, чие население е претежно муслиманско. Во конфликтот во 1989 година беа убиени десетици илјади цивили, бунтовници и владини сили. паг/  

Остани поврзан