• петок, 22 ноември 2024

Песков: Русија мора да се вооружи против манипулациите однадвор

Песков: Русија мора да се вооружи против манипулациите однадвор

Москва, 31 октомври 2023 (МИА) - Како одговор на антисемитските немири во Северен Кавказ, Русија сака посилно да се вооружи против перцепираните надворешни мешања, изјави денеска во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ДПА.

Песков ова го изјави откако претседателот Владимир Путин се состана со неговиот Совет за безбедност и шефовите на безбедносните власти претходната вечер.

Според руските медиуми, Песков изјавил дека кругот на учесници покажал дека дискусијата е за „засилени мерки за спречување на надворешно мешање“. Тој рече дека не може да даде детали.

-Од гледна точка на руското раководство, овие немири беа предизвикани преку социјалните мрежи од странство. Настаните на Блискиот Исток се злоупотребуваат за да се разгори расположението во Русија со манипулирани информации, рече Песков.

Во севернокавкаската руска република Дагестан, со мнозинско муслиманско население, толпа луѓе упаднаа на аеродромот во регионалната престолнина Махачкала во неделата, откако слета авион од Тел Авив со еврејски патници. Повеќе од 20 лица се повредени, а 83 се приведени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан