• недела, 19 мај 2024

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

Лима, 7 мај 2024 (МИА) - Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан