• петок, 22 ноември 2024

Перински: До 5 септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините 

Перински: До 5 септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините 

Скопје, 30 август 2024 (МИА) – Министерството за локална самоуправа до 5 септември ќе го објави јавниот повик за доделување средства на општините за реализација на инфраструктурни проекти, најави денеска ресорниот министер Златко Перински. 

- Како што веќе информираше премиерот на минатата владина седница се донесе одлука и се формираше Координативно тело за следење на целокупниот процес. Денеска има прв состанок на ова Координативно тело во Владата и до 5 септември ќе биде објавен јавниот повик од страна на Министерството за локална самоуправа, рече Перински во одговор на новинарско прашање на паузата на Јавната дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС.

Владата за до крајот на годинава има предвидено 100 милиони евра за реализација на инфраструктурни проекти во општините во земјава. Годишно за оваа намена Владата ќе обезбедува по 250 милиони евра, а сите општини треба да аплицираат со готови проекти за да добијат средства.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан