• сабота, 29 јуни 2024

Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС го поздравува најавеното покачување на пензиите

Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС го поздравува најавеното покачување на пензиите

Скопје, 28 јуни 2024 

Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја го поздравува најавеното покачување на пензиите за 5,000 денари од страна на новата Влада. Имено, пензиите ќе се зголемат на двапати по 2,500 денари. Првото зголемување ќе биде во септември оваа година, а второто на почетокот на 2025 година.

Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво.

Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите.

Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите.

 

Пензионерски синдикат на Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан