• петок, 20 декември 2024

Пендаровски - O’Брајан: САД очекуваат Северна Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ

Пендаровски - O’Брајан: САД очекуваат Северна Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, остварил средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.

На средбата била реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија, и било изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. дма/аа/

Фото: Кабинет на Претседателот на  Република Северна Македонија

 

Остани поврзан