• петок, 22 ноември 2024

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, известуваат од кабинетот на шефот на државата. 

- Со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот. Во тој дел измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, како што се нагласува, очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да бидеприменувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во буџетот.

Собранието вчера ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан. Измените предизвикаа реакции во јавноста бидејќи се однесуваат на членови што ги „ублажуваат“ казните кои тангираат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи. Според Владата, која овие измени ги предложи со европско знаменце, станува збор за усогласување со директивите на Европската Унија. За опозицијата, тоа е обид за амнестија на актуелните функционери во случај на промена на власта. Во меѓувреме, Канцеларијата на ЕУ во Скопје проверува дали е злоупотребено европското знаменце.сх/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан