• петок, 05 јули 2024

Пекинг го осуди барањето за затворање на својот конзулат во Хјустон

Пекинг го осуди барањето за затворање на својот конзулат во Хјустон
Пекинг, 22 јули 2020 (МИА) - Кина денеска соопшти дека Вашингтон ненадејно и без образложение побарал веднаш да биде затворен кинескиот конзулат во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, што е остро осудено од официјален Пекинг, кој се закани со реципрочни мерки. Претставник на кинеското Министерство за надворешни работи изјави на прес-конференција дека САД вчера ја информирале Кина дека мора да го затвори својот конзулат во Хјустон. Локалните медиуми објавија дека службениците во кинеската амбасада во текот на ноќта палеле документи во дворот на конзуларното претставништво. гт/

Остани поврзан