• среда, 01 април 2026

Пезешкијан: Наметнатата агресија ќе биде завршена врз основа на иранските национални интереси

Пезешкијан: Наметнатата агресија ќе биде завршена врз основа на иранските национални интереси

Техеран, 31 март 2026 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека секоја одлука за завршување на агресијата наметната врз Иран од страна на САД и Израел ќе биде донесена исклучиво врз основа на условите и националните интереси на Иран.

На денешната седница на иранското државно раководство, предводена од Пезешкијан, беше разгледана моменталната состојба во земјата во воени услови и работењето на властите во одржувањето на основните активности во земјата во воени услови, јавува иранската државна агенција Тасним.

На седницата детално беше разгледана состојбата во земјата во вонредни воени услови, протокот на залихи со основни животни потреби, состојбата со залихите и мерките преземени од извршната власт, државните служби, институциите за помош и надлежните министерства.

Претходно денеска Пезешкијан ја пофали „храброста на ирачкиот народ и борците кои застанаа покрај Иран за време на војната“ што САД и израелскиот режим ја наметнаа врз Исламската Република.

Тој изрази благодарност до ирачкиот народ, властите и борците за нивната „непоколеблива поддршка за време на американско-израелската агресија против Иран“.

„Муслиманскиот народ на Ирак храбро застана покрај Иран во оваа неправедна војна. Нивната непоколебливост не се должи на географска неопходност, туку на заедничката историја, идентитет и религиозни вредности. Ја почитувам вашата отпорност и ја потврдувам нашата посветеност“, рече претседателот.сд/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан