• понеделник, 01 јули 2024

„Педијатриски прирачник“ - помошник за едукација на родителите

„Педијатриски прирачник“ - помошник за едукација на родителите
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Три“ објавена е книгата „Педијатриски прирачник“ од авторите Ангелчо Андоновски, Татјана Јаќовска, Силвана Филипова и Ана Попоска. Според авторите, периодот од раѓањето до петтата година е најчувствителен во животот, полн со бурни промени во сите сегменти од развојот. За правилно и навремено препознавање на симптомите и совладување на состојбите, потребен е квалитетен прирачник во кој ќе има објаснувања за најчестите состојби со кои се среќаваат децата, како и препораки за нивен третман. - Во ТРИ пристигна еден поинаков прирачник, наменет за едукација на сите родители. Бидејќи децата се нашата иднина, а здравите деца значат здрава и сигурна иднина, четворица специјалисти од областа на педијатријата и детскиот развој посветено работеа на оваа книга што ќе им помогне на многу родители да се справат со тешкотиите на раното детство. Благодарение на овој „Педијатриски прирачник“, секој родител ќе може да се снајде во решавањето на секојдневните здравствени проблеми кај своето дете, покажувајќи адекватна грижа за своето потомство, информираат од издавачката куќа „Три“. Согледувајќи го значењето на ваквите прирачници, од „Три“ посочуваат дека придонесуваат и тежнеат кон што е можно поголема пристапност на знаењата на специјалистите, за здраво растење на децата и за здрави идни генерации.фф/дма/

Остани поврзан