• четврток, 04 јули 2024

Педесет поени на Тејтум за пласман на Бостон во плејофот

Педесет поени на Тејтум за пласман на Бостон во плејофот
Бостон, 19 мај 2021 (МИА) – Џејсон Тејтум со 50 постигнати поени им помогна на Селтикси да се пласираат во плејофот. Тејтум беше најефикасен играч во плејин дуелот одигран рано утрово против Вашингтон којшто му припадна на Бостон со 118:100. По овој триумф остварен на домашен терен Селтикс одат во плејофот како седми носител. Тејтум за 40,5 минути погоди 14 удари од 32 од поле, од кои 5 од 12 тројки. Имаше максимални 17 од 17 слободни фрлања, 8 скока, 4 асистенции, 2 блокади, 1 украдена топка и 2 загубени топки. Ривал на Бостон во првото коло од НБА-плејофот ќе биде Бруклин. Првиот натпревар ќе се одржи на 22 мај. зс/

Остани поврзан