• недела, 07 јули 2024

Педесет и осум крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Педесет и осум крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 

Кавадарци, 23 мај 2024 (МИА) - Педесет и осум крвни единици се обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, информираше попладнево Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.  

-Акцијата беше спроведена во Домот на културата ,,Иван Мазов -Климе", во организација на Црвен крст Кавадарци, а се реализираше од ИТМ - Скопје. Респект за сите дарители кои даруваа крв, а голема благодарност и до раководството и вработените од Домот на културата за отстапениот простор и тоа што беа одлични домаќини. Благодарност и до  службата на ИТМ со која имаме одлична соработка, истакна Каракулев.

Тој подвлече дека крводарителите од општините Кавадарци и Росоман, се  секогаш на врвот по бројот на остварени крводарувања. свд/

Фото: МИА 

Остани поврзан