• сабота, 23 ноември 2024

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиуми претходно појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.

Неофицијално, како што додаде Гаспар, на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.

- Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме за сите пациенти. За да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив, подвлече Гаспар.

Тој кажа дека мисли оти е за 80 пациенти соодветен лекот.

Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица. бд/са/

Остани поврзан