• понеделник, 23 декември 2024

Партија на пензионерите го осудува насилничкото однесување на дел од учесниците на протестите

Партија на пензионерите го осудува насилничкото однесување на дел од учесниците на протестите
7 јули 2022 ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), го осудува насилничкото и деструктивно однесување на дел од учесниците на протестите кои се одржуваат со цел да се отфрли „Францускиот предлог“ за отпочнување на пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ. ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ (ПП), со разочарување го следи развојот на настаните и го осудува манифестираното насилничко и деструктивно однесување на дел од демонстрантите кои протестираат против понудениот „Француски предлог“ за отпочнување на пристапните преговори на земјата за влез во Европската Унија. Особено го осудуваме однесувањето на маскираните демонстранти, кои во случајов беа носители на деструктивните дејствија, како и поради фактот дека нивните постапки асоцираат на веќе видени насилства во земјава. Уважувајќи го демократското право на секој поединец и група, преку демонстрирање јавно да го искаже несогласувањето со одредени политики, да протестира и бара исполнување на своите заложби, Партијата на пензионери укажува и на обврските да се почитуваат утврдените демократски практики, Уставот и законските норми. Секој има обврска да ги почитува и да не ги загрозува здравјето и животот на граѓаните, како и државниот имот, без оглед во кое својство е присутен и од која страна на протестите се наоѓа. Поради наведеното, но и поради нужноста на граѓаните да им се обезбеди и гарантира сигурност, Партијата на пензионери очекува одлучна, професионална и законита реакција на надлежните државни органи, особено кон насилниците, маскираните и иницијаторите на насилствата, како и превентивно постапување во врска со јавно изнесените податоци за подготовки за радикализација на насилството на протестите.   Партија на пензионерите  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан