• петок, 22 ноември 2024

Парламентот на Малезија гласаше за укинување на смртната казна

Парламентот на Малезија гласаше за укинување на смртната казна

Куала Лумпур, 3 април 2023 (МИА) – Парламентот на Малезија денеска одобри законски реформи за укинување на задолжителната смртна казна за некои кривични дела. Долниот дом на Парламентот на Малезија одобри законски реформи за укинување на задолжителната смртна казна за некои кривични дела.

Предлог-законот сега ќе биде доставен до Горниот дом, а потоа и кај кралот за потпишување на законот.

Според усвоените амандмани, алтернативите на смртната казна вклучуваат камшикување и затвор од 30 до 40 години, со што се заменуваат сите претходни одредби, кои предвидуваа доживотна казна.

Малезија има мораториум на егзекуциите од 2018 година.

Смртната казна ќе биде отстранета и како опција за некои тешки кривични дела кои не предизвикуваат смрт, како што се пукање и трговија со огнено оружје и киднапирање, според новите мерки.

Заменик-министерот за правда Рамкарпал Синг изјави дека смртната казна е неповратна казна која не е ефикасно спречување на криминалот.

- Смртната казна не ги донесе резултатите што требаше да ги донесе, истакна Синг, завршувајќи ја парламентарната расправа за предлог-законот. ми/

Остани поврзан