• недела, 24 ноември 2024

Парламентот на Литванија за премиер го избра социјалдемократот Гинтаутас Палуцкас

Парламентот на Литванија за премиер го избра социјалдемократот Гинтаутас Палуцкас

Вилнус, 21 ноември 2024 (МИА) - Парламентот на Литванија го избра Гинтаутас Палуцкас за нов премиер со 88 гласа „за“, 36 „против“ и шест „воздржани“.

Палуцкас е заменик-претседател на Социјалдемократската партија, која победи на парламентарните избори минатиот месец.

Претседателот Гитанас Науседа официјално го номинираше Палуцкас, но тој ќе треба повторно да го претстави својот кабинет и програмата пред парламентот за конечно одобрување.

Коалицијата ќе се состои од три партии: Социјалдемократската партија, Демократскиот сојуз „За Литванија“ и контроверзната „Зора на Неман“, која предизвика протести поради обвинувања за национализам и антисемитизам. ссм/

фото: архива

Остани поврзан