• петок, 22 ноември 2024

Парламентот во Хонг Конг го усвои Законот за кинеската химна

Парламентот во Хонг Конг го усвои Законот за кинеската химна
Хонг Конг, 4 јуни 2020 (МИА) - Парламентот на Хонг Конг денеска го усвои спорниот предлог-закон со кој се забранува навредување на кинеската химна. Законот е усвоен и покрај обидите на продемократската опозиција да се оневозможи гласањето. За опозицијата со Законот се нарушува слободата на изразување и  правата на жителите на полуавтономната област. Додека прокинеското мнозинство тврди дека Законот е неопходен за граѓаните на Хонг Конг да покажат поголема почит кон химната на Кина. Законот предвидува тие што ќе ја користат химната во комерцијални цели или јавно и намерно ја навредуваат, парична казна од 6.450 американски долари или затвор до три години. ми/

Остани поврзан