Парламентарни и претседателски избори во Мозамбик
- о Мозамбик денеска се одржуваат парламентарни и претседателски избори, а најверојатен победник е партијата Фрелимо, која е на власт од 1975 година
Мапуто, 9 октомври 2024 (МИА) - Во Мозамбик денеска се одржуваат парламентарни и претседателски избори, а најверојатен победник е партијата Фрелимо, која е на власт од 1975 година.
Фаворит меѓу четворицата кандидати кои се борат да го заменат претседателот Филипе Њуси, кој се повлекува од функцијата по два мандата, е 47-годишниот адвокат Даниел Шапо, член на Фрелимо. Противкандидати на Шапо се независниот кандидат Венансио Мондлан, поранешниот командант на бунтовниците Осуфо Момаде и лидерот на малата опозициска партија Демократското движење на Мозамбик, Лутеро Симанго.
Сиромаштијата е главната грижа на 35-милионското население на Мозамбик, од кои половината имаат право да гласаат на овие избори, заедно со исламистичките бунтовници во северниот дел на Мозамбик. Поради борбите со бунтовниците илјадници луѓе ги напуштија домовите, а стопирани се и проектите за гас во висина од повеќе милијарди долари.
Пребројувањето на гласовите ќе започне по затворањето на избирачките места во 18:00 часот по локално вре, е, но објавувањето на официјалните резултати од парламентарните и претседателските избори најверојатно ќе бидат објавени по две недели. ми/
фото: МИА архива