• среда, 14 август 2024

Парламентарни избори на Кирибати

Парламентарни избори на Кирибати

Тарауа, 14 август 2024 (МИА) – На Кирибати денеска се одржуваат парламентарни избори, а граѓаните ќе одлучуваат за блиските врски со Кина, климатските промени и високите трошоци за живот. По првиот круг од парламентарните избори ќе следи гласање за претседател.

Кирибати е мала земја со население од 115.000 луѓе, но е стратешки важна бидејќи е релативно блиску до Хавајските Острови и контролира повеќе од 3,5 милиони квадратни километри од Тихи Океан.

Претседателот на Кирибати, Танети Мамау во 2019 година ги прекина дипломатските односи со Тајван во корист на воспоставување дипломатски односи со Кина. Кирибати добива поддршка за развој од Пекинг.

Кинеската полиција во февруари отвори полициски станици на Кирибати. Тоа е чувствително прашање за САД, бидејќи според договор од 1983 година Кирибати мора да се консултира со трета земја пред да и дозволи распоредување на сили на нејзина територија.

Кирибати нема јасно дефиниран партиски систем и кандидати претпочитаат да се кандидираат како независни. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан