• вторник, 05 ноември 2024

Парламентарните избори во Хрватска ќе ги следат 5.333 набљудувачи

Парламентарните избори во Хрватска ќе ги следат 5.333 набљудувачи

Загреб, 16 април 2024 (МИА) - Парламентарните избори во Хрватска утре ќе ги следат вкупно 5.333 набљудувачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

За следење на работата на изборните комисии и избирачките одбори на избирачките места во Хрватска се пријавени 5.246 набљудувачи.

Регистрирани се 87 набљудувачи за следење на работата на избирачките одбори на избирачките места во странство, објави ДИК на својата веб-страница.

Во Хрватска утре ќе се одржат 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан