• среда, 18 декември 2024

Парада на гордоста во Атина

Парада на гордоста во Атина
Атина, 11 септември 2021 (МИА) – Под слоганот „Ова е тоа што нѐ обединува“, попладнево во центарот на Атина се одржа традиционалната парада на гордоста на која учествуваа илјадници граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Учесниците велат дека и покрај пандемијата, оваа година парадата беше една од помасовните. Граѓани на различна возраст, маршираа низ улиците во Атина, а парадата традиционално заврши пред грчкиот Парламент. Овој пат, поради мерките за заштита од Ковид-19, по завршувањето не се одржа концерт, како што беше случај претходно. „Не за булингот, да за љубовта“; „Љубовта е за сите“; „Сакаме љубов и еднаквост, а не страв и несигурност“; „Љубовта е непобедлива“; „Излези, биди горд“; „Еднаквост за сите“, беа дел од пораките што ги испратија учесниците на парадата.   Поддршка за парадата изразија и политичките партии СИРИЗА и Движење на промена. Парадата во Атина, од 2005 година традиционално се одржува секоја година во јуни, но овој пат, беше одложена поради пандемијата. Фото: МИА

Остани поврзан