Најмалку тројца загинати во руски напади врз Одеса
- Во синоќешниот рускиот напад врз станбена зграда во Одеса загинаа три лица, меѓу кои и мајка и двогодишна ќерка, а се стравува дека под урнатините има заробени луѓе, објави на Телеграм, началникот на воената управа на Одеса, Олех Кипер
Киев, 6 април 2026 (МИА) – Во синоќешниот рускиот напад врз станбена зграда во Одеса загинаа три лица, меѓу кои и мајка и двогодишна ќерка, а се стравува дека под урнатините има заробени луѓе, објави на Телеграм, началникот на воената управа на Одеса, Олех Кипер.
Тој додаде дека во нападот повредени се 15 луѓе, меѓу кои и бремена жена и две деца.
Повредените имаат рани од шрапнели, изгореници и страдаат од вдишување чад. Некои се во тешка состојба. Лекарите проценуваат дека состојбата на децата е умерена, посочи Кипер. ми/сд/
фото: МИА архива