• петок, 05 јули 2024

Параглајдинг сезоната отворена, странските туристи се враќаат во Крушево

Параглајдинг сезоната отворена, странските туристи се враќаат во Крушево
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Сезоната на параглајдинг натпревари започна. Во моментов се одржува Nordic Open и во градот се присутни десетици параглајдеристи, информираат од Општина Крушево. - Сезоната е официјално отворена. Параглајдеристи рекреативци доаѓаат уште од мај месец во Крушево, но, еве, и официјално започнуваат натпреварите. Во текот на летото нè очекуваат „Крушево озон опен“, пред Светското првенство во змајарство и други меѓународни натпревари, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски. Од Општина Крушево велат дека изминатите години интензивно се работеше на изградба на модерно и безбедно полетувалиште со исполнување на барањата на организаторите на натпреварите, а во моментов се гради објект на самото полетувалиште. - Догодина нè очекува Светското првенство во змајарство и можеме да кажеме дека инфраструктурно сме подготвени, додаде градоначалникот на Општина Крушево. ар/дма/

Остани поврзан