• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск предупреди на опасностите од вештачката интелигенција на состанокот на Г7

Папата Франциск предупреди на опасностите од вештачката интелигенција на состанокот на Г7

Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска на состанокот на Г-7, го покрена прашањето за надежите што се ставаат на вештачката интелигенција и ризиците што таа ги носи. Тој ги повика лидерите на земјите од Г7 да го стават човечкото достоинство на прво место во развојот на вештачката интелигенција и предупреди на опасностите од оваа нова технологија, која има потенцијал дури и меѓучовечките односи да ги претвори во алгоритми.

-Ние би го осудиле човештвото на безнадежна иднина ако им ја одземеме способноста на луѓето да донесуваат одлуки за себе и за своите животи, осудувајќи ги да зависат од одлуките на машините. Мораме да обезбедиме и зачуваме простор за соодветна човечка контрола врз изборите направени од програмите за вештачка интелигенција: самото човечко достоинство зависи од тоа, рече папата.

Според Папата, тоа е технологија на која и недостасуваат човечките квалитети на сочувство, милост, морал и простување, што го прави премногу ризично да се развива без надзор.

Папата рече дека вештачката интелигенција пред сè мора да се биде за заштита на основните човекови права, промовирање на мирот и заштита од дезинформации, дискриминација и искривување на вистината.

Покрај неговиот говор за вештачката интелигенција, папата има закажано средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со поканети лидери од Алжир, Бразил, Индија, Кенија, Турција и со членовите на Г7, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој е католик, канадскиот премиер Џастин Трудо и францускиот претседател Емануел Макрон. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан