Папата имплицитно ја обвини Русија за агресија и империјализам во Украина
- Помирување меѓу раздвоените христијани, како средство за придонес на мирот меѓу народите во конфликтот, овие денови е вистинско време за негово разгледување, затоа што нашиот свет е нарушен с
Рим, 30 јуни 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска имплицитно ја обвини Русија за „вооружено освојување, експанзионизам и империјализам“ во Украина, нарекувајќи го конфликтот „сурова и бесмислена агресивна војна“.
Во разговор со делегацијата на православните лидери во Рим, тој изјави дека тоа е конфликт на христијани кои се свртеле едни против други.
И во Русија и во Украина мнозинството се православни христијани. Но, во Украина има значајно католичко малцинство.
- Помирување меѓу раздвоените христијани, како средство за придонес на мирот меѓу народите во конфликтот, овие денови е вистинско време за негово разгледување, затоа што нашиот свет е нарушен со сурова и бесмислена војна каде многу, многу христијани се борат едни против други, изјави папата.
Тој, очигледно мислејќи на Русија, додаде дека сите треба да „признаат дека вооружените освојувања, експанзионизмот и империјализмот, немаат никаква врска со кралството што го прогласи Исус“.
Вчера папата го осуди нападот на трговскиот центар во Кременчук, најновиот во низата „варварски напади“ врз Украина. бд/сд/