Панел „Визија за ЕУ и Западниот Балкан“: Неопходно е да се поттикне процесот на проширување
- Потребно е повторно да се поттикне динамиката на процесот на проширување односно нов почеток на проширувањето за да се овозможи исполнување на ветувањата на регионот во однос на неговата инте
![Панел „Визија за ЕУ и Западниот Балкан“: Неопходно е да се поттикне процесот на проширување](https://new.mia.mk/images/20221108201158_big_730x400_59.webp )
Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу – актуелен претседател на Социјалистичката интернационала во видео обраќање на форумот потсетувајќи се на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун 2003 година и јасната порака за европерспективата на целиот регион, рече дека сега перцепцијата на многумина е дека има забавување на процесот.
- Прашањето за проширувањето на ЕУ, мислам дека не треба да се обвинува Западниот Балкан за тоа. Други зборуваат за земји како Унгарија и Полска, кои имаат тргнато по погрешен пат. Повторно, кој е виновен за тоа и дали ЕУ го реформираше процесот на преговарање врз основа на демократскиот развој или не, изјави Папандеру.![папандреу панел економист](/articles/images/%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d/H3odV5rk8/placeholder.webp?use_watermark=0)
Не само Западен Балкан, туку и поширокиот Балкан, посочи Папандреу, и покрај нашите конфликти во минатото отсекогаш имал историска визија на заедничка работа и мора да работиме заедно, да направиме демократски реформи и промени за навистина да станеме еден просперитетен регион.
-Меѓутоа, не сум сигурен, дека тоа наскоро ќе може да стане реалност. Мислам, дека ова е огромна историска одговорност на ЕУ. Народите во овој регион навистина сакаат демократски балкански општества, соработка, мир и просперитет. Она што ЕУ може да направи е да гарантира и каже дека постојат изгледи и јасен патоказ и еве како ќе се движиме напред. На тој начин, повторно да се поттикне динамиката, која што е потребна и за која зборуваат многумина од премиерите, изјави Папандреу.Евроамбасадорот Дејвид Гир, рече дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, овозможи повторно да се потврди пораката дека членството на Западен Балкан во ЕУ е споделен стратешки избор.
-Лидерите изразија заедничка визија за проширена ЕУ, која што врз база на европските вредности и принципи ќе ги вклучи сите земји од Западниот Балкан, со почит на демократијата, човековите и социјалните права, истакна Гир.
![панел економист 1](/articles/images/%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d/qTTY6bnU3/placeholder.webp?use_watermark=0)
Западниот Балкан, нагласи тој, географски е опкружен од земји-членки на ЕУ и природно е дел од Европа, а тоа нуди големи можности во поглед на поврзаноста, трговијата, транспортот, блискоста до европскиот единствен пазар, дигитализацијата, човековиот капитал и тн.
-И ЕУ е соочена со слични предизвици и нашите одговори на овие предизвици секогаш ќе бидат несоодветни, доколку не ги земеме во предвид сите земји од регионот. Ова го констатиравме и со пандемијата и со пожарите кои се случуваа ова лето, изјави Гир. Ревидирањето на преговарачката рамка, нагласи Гир, е од витална важност за да се обезбеди стабилност во ЕУ и отпорност на самите земји со нивното пристапување.![фишер панел економист](/articles/images/%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d/Iw3hehB66/placeholder.webp?use_watermark=0)
![димитров панел економист](/articles/images/%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%bb-%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d/FZKt6OlMh/placeholder.webp?use_watermark=0)