• вторник, 24 декември 2024

Муртезани и Чехаја најавуваат продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Косово

Муртезани и Чехаја најавуваат продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Косово

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари средба со амбасадорот на Косово Флориан Чехаја. На средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете земји, со фокус на соработката во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Како што соопшти СЕП, соговорниците констатирале дека Северна Македонија и Косово негуваат одлична соработка во рамки на оваа програма со вкупно 24 заеднички проекти имплементирани во рамки на ИПА 1 и ИПА 2, како и еден заеднички стратешки проект на граничниот премин Белановце – Станчиќ.

Муртезани и Чехаја се согласија дека постои одличен капацитет за продлабочување на ваквата соработка во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка преку заедничко аплицирање на проекти и партнери од двете држави, во насока на надминување на заедничките предизвици и обезбедување подобри социо-економски услови на жителите во пограничниот регион.

Министерот и амбасадорот, како што соопшти СЕП, потврдија дека се подготвени одличната соработка да ја негуваат и продлабочат во периодот што претстои. мч/дма/

фото: СЕП

Остани поврзан