• понеделник, 23 декември 2024

Пандев стрелец во ремито на Џенова и Удинезе

Пандев стрелец во ремито на Џенова и Удинезе
Удине, 5 јули 2020 (МИА) – Во дуелот на екипите од Серија А во кои настапуваат македонски репрезентативци, Удинезе и Џенова одиграа нерешено 2:2. Првиот гол за гостите го постигна капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев за во тој момент намалување на водството на домаќините на 2:1. Тој во игра влезе од клупата за резерви во 59. минута и по само 22 минути поминати на теренот се запиша во листата на стрелците. За Пандев ова беше осми гол сезонава во Италија. Во домашниот тим стартер беше Илија Несторовски кој одигра 58 минути и беше заменет. По 30 кола, Удинезе има 32 бода на 15 место и засега е на сигурна дистанца од зоната на испаѓање, додека Џенова со 27 бода е 17, со само два бода над линијата од опасната зона. зс/

Остани поврзан