• недела, 22 декември 2024

Палестински официјален претставник ја осуди најавата за изградба на нови еврејски населби на Западниот Брег

Палестински официјален претставник ја осуди најавата за изградба на нови еврејски населби на Западниот Брег

Ерусалим, 28 јуни 2024 (МИА) - Висок претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Васел Абу Јусеф ја осуди денеска изјавата на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич во која тој се залага за изградба на нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Јусеф, член на Извршниот комитет на ПЛО, оцени дека целта на ваквите изјави е продолжување на „геноцидот“ врз Палестинците.

Смотрич, исто така, вчера рече дека израелската Влада ќе преземе казнени мерки против палестинската управа како одговор на меѓународните потези на палестинските власти против Израел. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан