• недела, 22 декември 2024

Седуммина загинати кога автомобил-бомба случајно експлодира во упориште на талибанците во Пакистан

Седуммина загинати кога автомобил-бомба случајно експлодира во упориште на талибанците во Пакистан

Пешавар, 14 ноември 2024 (МИА) - Најмалку две деца и петмина милитанти загинаа во експлозија на автомобил-бомба што случајно експлодира во куќата во која се наоѓа седиштето на пакистанските талибанци на северозапад од земјата, соопшти денеска локалната полиција.

Експлозијата се случи пред зори во градот Мир Али во провинцијата Хајбер Пахтунхва кога милитант, идентификуван како командант Расол Јан, поставил автомобил-бомба во својот дом, изјави претставник на локалната полиција.

Од експлозијата се урна куќата и сериозно оштети неколку во близина, при што беа повредени 14 лица.

Полицијата соопшти дека автомобилот-бомба најверојатно бил наменет за напад некаде во регионот каде пакистанските талибанци и другите бунтовници ги напаѓаат безбедносните сили.

Пакистански талибанци - „Техрик-е-талибан Пакистан“ е посебна, но сојузничка група на авганистанските талибанци, охрабрени од доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан во 2021 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан