• недела, 24 ноември 2024

Пакистанските безбедносни сили убиле девет бунтовници на северозападот од земјата

Пакистанските безбедносни сили убиле девет бунтовници на северозападот од земјата

Пешавар, 24 октомври 2024 (МИА) - Пакистанските безбедносни сили во текот на ноќта убиле девет бунтовници во престрелка во поранешно упориште на пакистанските талибанци во нестабилниот северозападен регион кој се граничи со Авганистан, соопшти денеска пакистанската армија.

Војниците заплениле оружје и муниција од засолниште на бунтовниците по престрелката во Бајур, област во провинцијата Хајбер Патунква.

Во соопштение на војската не се наведени детали за убиените бунтовници, вклучително и нивната припадност, но таквите операции често се насочени кон пакистанските талибанци, познати како Терик-е-талибан Пакистан или ТТП.

Бајур беше нивна база се додека многумина не беа убиени или истерани за време на неколку претходни операции од страна на безбедносните сили.

ТТП, како посебна група, е близок сојузник на авганистанските талибанци, кои ја презедоа власта во соседен Авганистан во 2021 година. Доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан ги охрабри пакистанските талибанци, кои ги засилија нападите врз пакистанските сили. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан