• четврток, 26 декември 2024

Пакистанецот Надим ќе биде награден со речиси 900.000 долари за олимпиското злато

Пакистанецот Надим ќе биде награден со речиси 900.000 долари за олимпиското злато


Исламабад, 14 август 2024 (МИА) – Пакистанскиот атлетичар во фрлање копје Аршад Надим ќе биде награден со 250 милиони рупии или 897.000 американски долари за освојување на златниот медал на Олимписките игри во Париз.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Надим ќе биде награден со 150 милиони рупии (538.000 долари), додека премиерот на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, претходно објави награда од 100 милиони рупии (359.000 долари).
Наваз на Надим му ги предаде и клучевите од новиот автомобил со специјална регистарска табличка „ПАК 92,97“, во знак на неговиот резултат на Игрите од 92,97 метри, со кој го собори олимпискиот рекорд.
Надим на Игрите во Париз го освои првиот златен олимписки медал за Пакистан по пауза од 40 години, кога пакистанската репрезентација во хокеј на трева триумфираше на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан