• петок, 22 ноември 2024

Пакета би можел да му се приклучи на Манчестер Сити

Пакета би можел да му се приклучи на Манчестер Сити

Манчестер, 1 април 2024 (МИА) -  Офанзивниот играч за врска на Вест Хем, Лукас Пакета би можел да му се приклучи на Манчестер Сити, пренесува „Фудбал инсајдер“.

Раководството на Сити сака во следниот преоден рок да го засили составот со 26-годишниот Бразилец.

Во летото минатата година „граѓаните“ направија обид да го привлечат, но зделката пропадна бидејќи играчот од средниот ред на „чеканите“ беше под истрага за незаконско обложување.

Пакета игра за Вест Хем од август 2022 година. Таа сезона одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 голови и 7 асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.

Играчот од средниот ред има 44 натпревари за репрезентацијата на Бразил. дс

Фото: Фејсбук/Вест Хем

Остани поврзан