• недела, 10 ноември 2024

ОЈО Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за разбојништво

ОЈО Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за разбојништво
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје до скопскиот Основен кривичен суд поднесе обвинителен акт против три лица за кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 4, во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од скопското Обвинителство. На 31 јануари, според описот на Обвинителството, тројцата обвинети влегле во спортска обложувалница на улица „1613“ и покажувајќи метален пиштол со пластична рамка се заканиле дека ќе нападнат врз животот на еден вработен и одзеле импровизирана картонска кутија во која имало 32.000 денари во различни апоени. Потоа со возило избегале од местото, а парите ги поделиле. - Двајца од обвинетите на 1 февруари сториле уште едно разбојништво така што влегле маскирани во аптека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ и на вработената и се заканиле со метален пиштол со пластична рамка, барајќи да им ги даде парите од дневниот промет. Вработената го отворила малиот прирачен сеф на наплатното биро, но во него немало пари. Еден од обвинетите започнал да се обидува да ја отклучи фиоката на регистер касата со дневен промет, но по неколку обиди клучот се заглавил и се скршил, информираат од Обвинителство и додават дека потоа, истиот насилно ја откорнал втората заклучена регистер каса во која имало околу 3.000 денари, ја одзеле и двајцата обвинети почнале да бегаат. При овој настан обвинетите биле забележани од полициски службеници, кои почнале да ги бркаат. - Во моментот кога бил престигнат, еден од обвинетите ја фрлил касата кон полицајците, по што бил совладан и лишен од слобода. Другиот обвинет, пак, влегол во влез на една од зградите и го скрил пиштолот во пластичната таванска ламперија на влезот, појаснуват од Обвинителство. Имајќи го предвид видот и карактерот на стореното кривично дело, предвидената казна, личните околности на обвинетите, можноста за бегство и за повторување на делото, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за тројцата обвинети.​ оџ/сп/

Остани поврзан