• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО Битола поведе постапка за предизвикување општа опасност со палењето на Бугарскиот културен центар во Битола

ОЈО Битола поведе постапка за предизвикување општа опасност со палењето на Бугарскиот културен центар во Битола
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола соопшти дека повеле постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. - Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил, информираат од ОЈО Битола. Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, како што посочуваат од ОЈО Битола, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Република Северна Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.фф/лв/

Остани поврзан