Охрид домаќин на завршниот Мастерс квиз на Македонската квиз асоцијација
- Во организација на Македонската квиз асоцијација в недела на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи завршниот Мастерс квиз за оваа сезона. На веќе традиционалниот настан најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења, на најразлични теми од областа на културата, забавата, знаења од историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.
Охрид, 23 мај 2025 (МИА) – Во организација на Македонската квиз асоцијација в недела на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи завршниот Мастерс квиз за оваа сезона.
На веќе традиционалниот настан најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења, на најразлични теми од областа на културата, забавата, знаења од историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.
Според предвидените пропозиции на натпреварувањето, секој учесник ќе одговара на вкупно 200 прашања, поделени во два дела на по четири теми, а времето за решавање на секој дел е еден час, информираат одрганизаторите. аб/аа/
фото/плакат