• четврток, 19 декември 2024

Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ настапи во соседна Србија

Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ настапи во соседна Србија
Охрид, 26 октомври 2022 (МИА) - Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ под диригентската палка на Бурим Хидри, настапи во Кикинда и Нови Сад, во соседна Србија. Според диригентот на хорот Хидри, изборот на композициите и енергичната изведба на хористите се уште една потврда дека продолжуваат да ја негуваат хорската традиција и да бидат вистински репрезент, амбасадор на градот и државата. Покрај охридскиот хор, настапи имале и „Атендите“ од Кикинда и мешаниот хор при КУД „Светозар Марковиќ“ од Нови Сад. Вечерите исполнети со позитивна енергија биле надополнети со заедничка изведба на трите хорови на македонските песни „Елено ќерко“ и „Линхида кајче веслаше“. Охридскиот градски хор има 57-годишна традиција, а од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е предводен од диригентот Бурим Хидри. Редовно одржуваат годишни концерти, настапуваат на хорски фестивали низ Македонија, но и во странство, каде имаат освоено бројни награди и признанија. Годинава по четврти пат го организираа Меѓународниот хоркси фестивал „Гласот на Охрид“. сс/цр

Остани поврзан