• петок, 11 октомври 2024

Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан

Официјален претставник на ОН: Двајца мировници се ранети во израелски напад во Либан

Деир Ал-Бала, 10 октомври 2024 (МИА) - Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) денеска изјави дека двајца членови на мировната мисија УНИФИЛ во Либан се ранети во израелски напад.

Како што јавија светските агенции, претставникот не бил овластен да зборува за медиумите и дал изјава под услов да остане анонимен.

Официјалниот претставник изјави дека денеска израелските сили пукале врз три позиции на УНИФИЛ, мировните сили во јужен Либан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан