• понеделник, 23 декември 2024

Офанзивата на Русија во Донбас веќе започна, изјави висок украински функционер

Офанзивата на Русија во Донбас веќе започна, изјави висок украински функционер

Киев, 11 април 2022 (МИА) - Најновата руска офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да трупа сили во источниот регион на Украина.

„Од моја гледна точка, големата офанзива (во источна Украина) веќе започна“, изјави на јавната телевизија Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. „Мора да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме 'војната започна'. Големата офанзива де факто веќе започна“, рече тој.

Остани поврзан