• четврток, 04 јули 2024

ОУ „Браќа Миладиновци“ во Острово ја почнува постапката за целосна обнова

ОУ „Браќа Миладиновци“ во Острово ја почнува постапката за целосна обнова
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово по многу години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците. Како што информираат од Општина Аеродром, со оваа инвестиција на општината и со поддршка на општествено-одговорна компанија, ОУ „Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во оваа општина, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците. - Новиот атриум ќе се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, а во иднина ќе се користи како летна училница за сите ученици, со што ќе добијат нов уникатен начин на поминување на наставата во релаксирана средина. Сето ова насочување кон воведување на нова пракса и поинакви услови од постојните, цели кон исполнување на современите европски стандарди, каде што убавото време во училиштата секогаш се користи за учење и рекреација, посочуваат од општинската прес-служба. Оттаму потенцираат дека инвестициите во најмладите остануваат нивен приоритет и учениците од сите основни училишта во иднина ќе ги добијат сите соодветни услови за современо, модерно и квалитетно образование. фф/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан