• понеделник, 23 декември 2024

Откриени околу 320 килограми канабис во возило на брза помош во грчкиот град Игуменица

Откриени околу 320 килограми канабис во возило на брза помош во грчкиот град Игуменица
Атина, 16 јануари 2022 (МИА) – Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама. Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони. Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога. ср/сд/ Фото: Грчка полиција

Остани поврзан