• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот

Меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - НЛБ Групацијата отвори меѓународен јавен повик за млади уметници од регионот. Конкурсот ќе биде до 21 март 2024 година.

-НЛБ Групацијата ги повикува младите уметници од Југоисточна Европа да ги достават своите мултимедијални уметнички дела на меѓународен јавен повик. Конкурсот ќе биде отворен до 21 март 2024 година, a наменет e за уметници помлади од 35 години. Победничкото уметничко дело ќе го купи НЛБ Групацијата и ќе биде изложено во Галеријата „Банкариум“ во Љубљана заедно со останатите најдобри дела од јавниот повик, информираат од НЛБ Групацијата.

Како што соопштуваат од Групацијата, на конкурсот можат да се пријавуваат млади уметници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово. Тие можат да ги пријават своите уметнички дела од областа на мултимедијалната уметност, создадени во последните пет години. 

Уметничките дела кои ќе пристигнат на меѓународниот јавен повик ќе ги оценува петчлена меѓународна експертска комисија во состав од Тевж Логар, независен кустос, уредник и писател, претседател на Уметничкиот совет на НЛБ; Маја Колариќ, историчар на уметност, кустос и директор на белградскиот музеј на современа уметност, член на Уметничкиот совет на НЛБ; Мира Гаќина, историчар на уметност и критичар, кустос, член на Уметничкиот совет на НЛБ; Ана Херман, менаџер на комуникациски проекти во НЛБ и Матко Миоч, директор на Институтот за културно наследство НЛБ.

-Уметнички дела кои одговараат на концептот на „SEE Art“., која ги претставува различните култури, идентитети и сеќавања, кои со текот на времето ја обликувале нашата заедничка историја во регионот на Југоисточна Европа. Колекцијата има за цел да го подобри разбирањето и знаењето за различните културни и општествени средини, да промовира толеранција и различност, а во исто време да раѓа нови одржливи идеи и акции со различни изрази на современата уметност. Новата уметничка колекција ќе понуди автентично и уникатно уметничко искуство, инспирира, мотивира, и е рефлексија на општеството и околината, и игра активна улога во спроведувањето идеи за претчувствата за иднината, посочуваат од  НЛБ Групацијата.

НЛБ Групација не е само водечка банкарска и финансиска групација со седиште и стратешки интерес во Југоисточна Европа, туку и важен поддржувач и покровител на регионалната култура и уметност. За таа цел, НЛБ Групацијата ја формираше програмата за културно наследство НЛБ МУЗА, која се состои од уметнички и музејски збирки, како и музеи и галерии на НЛБ Групацијата. Дел од програмата на НЛБ МУЗА е и колекцијата за современа уметност „SEE Art“ (Уметноста на Југоисточна Европа), основана во јануари 2023 година. Со купување, презентирање и промовирање на современата уметност, НЛБ Групацијата станува нејзин главен поддржувач и партнер во Југоисточна Европа.фф/

Фото:  НЛБ Групацијата

Остани поврзан