• недела, 07 јули 2024

Отворена изложбата со уметнички дела со цвеќиња од Струшко на уметницата Лида Шерафатманд

Отворена изложбата со уметнички дела со цвеќиња од Струшко на уметницата Лида Шерафатманд
Струга, 1 март 2022 (МИА) – Уметнички дела со цвеќиња од Струшко и планината Јабланица, насликани од меѓународната уметница Лида Шерафатманд денеска беа претставени во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга. Изложбата насловена „Уметнички дела – растенија од Струга и околината“ е дел од тригодишниот труд, колку што претстојува во Струга авторката. Изложени се првите пет од 25-те дела со цвеќиња од Струга и околината, што ги создава за струшкиот Музеј, кои следната недела ќе бидат претставеи и на изложба во Цветниот уметнички музеј во Холандија. - Изложбата ми значи многу, како мој придонес за овој град, како сликар на цвеќе што живее овде, истакна Шерафатманд. Струшкиот уметник Милко Нестороски заклучи дека Шерафатманд на некој начин ја продолжува работата на рускиот лекар Николај Незлобински, како уште еден странец кој дојде и го цени овој град. - Овие цветни слики имаат за цел да го акцентираат односот меѓу луѓето и природата околу нив - испреплетената реалност меѓу флората и фауната и човечкото општество, нагласи Нестороски. Главната тема на творење на Шерафатманд се цвеќињата, кои ги користи симболично како метафорa за да создаде концепти на општествените области во нејзините дела. Лида Шерафатманд е меѓународен уметник, која во изминатите три години слика и живее во Струга. Како постдипломец по меѓународни односи, има одржано јавни предавања заедно со нејзините изложби на тема човечка природа и разрешување конфликти на голем број важни универзитети низ светот. сс/фф/

Остани поврзан