• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на 7. Македонски енергетски форум (во живо)

Отворање на 7. Македонски енергетски форум (во живо)

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) -  Скопје е домаќин на седмото  издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ), што се одржува во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан. 

На отворањето најавени се обраќања на мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Дејвид Гир, извршниот директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено општество - Западен Балкан Анди Добруши. 

 МЕФ е врвен настан во енергетската индустрија, кој ги обединува иноваторите и водечките експерти на дебати за најновите случувања во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и одржливите практики.

Остани поврзан