Отворање на објектот „Бамби“ на градинката „Фидани“
- Во општина Чаир денеска ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Во општина Чаир денеска ќе биде отворен новиот објект „Бамби“ на детската градинка „Фидани“.
Како што соопшти општина Чаир, објектот „Бамби“ е со најголем капацитет за грижа и рано детско образование во цела држава.
- Преку овој настан го потврдуваме институционалниот ангажман за подобрување на условите за рано образование и унапредување на јавните инвестиции во раното детство, се наведува во соопштението.
На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу. мд/дма/
Фото: МИА архива